Зелен кредит за енергетски ефикасни домови

Bez autora
Sep 26 2012

Семејствата кои ќе сакаат да заштедат електрична енергија, да ги намалат трошоците во домашниот буџет и да придонесат за зачувување на животната средина од идната недела ќе можат да ги искористат новите зелени кредити на Алфа банка. Со заемот, кој може да биде во висина од 200 до 10.000 евра, домаќинствата ќе може да инвестираат во соларни термални системи за производство на топла вода, нови врати и прозорци со топлинска изолација, иновативни системи за греење и ладење, покривна изолација и вградување други системи кои работат на обновливи извори на енергија. Алфа банка го одобрува кредитот со шестмесечен грејс-период, фиксни камати за првата година од 4,4 проценти за износи во евра и од 7 проценти за денарски износи, без трошоци за аплицирање и за провизија. Според министерот за економија Ваљон Сарачини, вградувањето на еден соларен колектор е инвестиција од 36.000 денари, кој на домаќинството му носи годишна заштеда на електрична енергија во висина од 13.000 денари.

Зелен кредит за енергетски ефикасни домовиСемејствата кои ќе сакаат да заштедат електрична енергија, да ги намалат трошоците во домашниот буџет и да придонесат за зачувување на животната средина од идната недела ќе можат да ги искористат новите зелени кредити на Алфа банка.

Со заемот, кој може да биде во висина од 200 до 10.000 евра, домаќинствата ќе може да инвестираат во соларни термални системи за производство на топла вода, нови врати и прозорци со топлинска изолација, иновативни системи за греење и ладење, покривна изолација и вградување други системи кои работат на обновливи извори на енергија. Алфа банка го одобрува кредитот со шестмесечен грејс-период, фиксни камати за првата година од 4,4 проценти за износи во евра и од 7 проценти за денарски износи, без трошоци за аплицирање и за провизија.

Според министерот за економија Ваљон Сарачини, вградувањето на еден соларен колектор е инвестиција од 36.000 денари, кој на домаќинството му носи годишна заштеда на електрична енергија во висина од 13.000 денари. Според примерот, посочи Сарачини, инвестицијата во енергетски ефикасни домови се враќа за 3 години. Тој најави дека Министерството за економија во почетокот на октомври ќе и' предложи на Владата да се зголеми лимитот на инвестиции во фотоволтаични централи од 10 на 20 мегавати.

Андреас Галатоулас, главен извршен директор на Алфа банка, рече дека новиот зелен кредит на банката е производ кој ќе одговори на новите потреби на граѓаните.

„Веруваме во зелениот бизнис и затоа развивме конкретни банкарски производ, што нуди можност клиентите да направат профитабилни инвестиции со цел да се заштеди електрична енергија“, истакна Галатоулас.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik